Уште еден осомничен поврзан со убиството на бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова е уапсен во Германија. Вториот осомничен, човек на рани 20-ти години, е уапсен откако ДНК-тестовите и другите докази покажале дека бил вмешан во силувањето и убиството на Маринова во севернобугарскиот град Русе, потврди бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов. „Постои физички доказ за поврзаноста со убиството“, изјави за медиумите Маринов. Тој го идентификуваше човекот како Северин Красимов, кој живее недалеку од местото на злосторството. Бугарската полиција приведе и маж осомничен дека ја убил новинарката Викторија Маринова. Станува збор за маж со романско државјанство и молдавски пасош.
Бугарската новинарка на локален телевизиски канал беше убиена во саботата во местото Русе, на северот на земјата. Меѓународната федерација на новинари соопшти дека е згрозена и шокирана од бруталното убиство.
Беше соопштено дека Маринова била силувана, претепана а потоа задавена и дека била толку силно претепана што лицето ѝ било непрепознатливо.
Поврзани објави
АВИОН ВО ТУРЦИЈА ЈА ПРОМАШИ ПИСТАТА, 21 ПОВРЕДЕН
Најмалку 21 лице се повредени откако денеска авион при слетувањето на истанбулскиот аеродром „Сабиха Гокчен“ ја промаши пистата,…
ЕДНОГОДИШНО БЕБЕ ПОЧИНА КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД КОВИД 19
Едногодишно дете починало од ковид 19 на Клиниката за детски болести. Детето починало на 29 ноември, но дури…
Чичко Пандо пронајден починат, барал помош никој не му помогнал?
Потрагата по исчезнатиот Пандо Лазовски заврши трагично , тој е пронајден починат. Според објавите на негови блиски Лазовски…
ДУИ го заборави премиерот Албанец
Условот за Албанец премиер исчезнува, ДУИ подготвени да преговараат и со ВМРО-ДПМНЕ за состав на новата македонска Влада.…