Во недела часовникот се враќа еден саат наназад

Во недела започнува зимското сметање на времето со поместување за еден час наназад, односно времето од 3 часот ќе се смета како 2 часот, информираат од Бирото за метрологија.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.

Европскиот парламент на 4 март лани изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Total
0
Shares
Поврзани објави