Мандатарот за формирање влада Зоран Заев вели дека учебната година најверојатно ќе почне на први октомври.
„Школската година нема да почне на први септември. Тенденцијата на подготовките поради здравствените протоколи ја носат работата тоа да биде на први октомври. На првата владина седница ќе биде донесена одлука, а ќе следуваат и законски измени“, изјави пред Собранието откако го достави предлогот за нова влада.
Претходно, министерот за образование Арбр Адеми кажа дека учебната година најверојатно ќе почне на 15 септември. Р.Д.