Заев верува во договор до декември, Каракачанов не попушта за бугарските корени

Премиерот Зоран Заев смета дека мнозинството од бугарскиот народ е против блокадата на Македонија на патот кон ЕУ, исто како и премиерот Бојко Борисов, а проблемот е во неговите коалициски партнери. Заев повтори дека Македонија нема претензии кон соседот.

– Јавно тврдам дека немаме ниту територијални, ниту малцински претензии, за да слушне тој и да му олесни на Борисов. Јавно тврдам дека Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија. Заедничката историја е реалност и постои и во неа се изнедриле Бугарите и Македонците, бугарскиот и македонскиот јазик. И во едни такви околности, треба тоа да го зграпчиме и да градиме пријателство и братство – вели Заев.

Портпаролот на владата, Душко Арсовски вели дека Анекс на Договорот за добрососедствосо Бугарија нема да има бидејќи актуелниот договор е одлична рамка за решавање на сите отворени прашања. Арсовски додава дека неприфатливо е прашањето за јазикот да се реши преку фуснота.

„ЕУ го признава македонскиот јазик, го користи при преводи и во исто време една членка, Бугарија, има задршки. Имаат право на своја позиција и Советот на ЕУ тоа може да го земе предвид, но не може да биде став на ЕУ“,  вели Арсовски.

Од друга страна, бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, инсистира на писмен документ затоа што не им верува на скопските политичари, каде јасно ќе се принзае дека до 1944 година Македонија е е дел на бугарската историја, култура и јазик.

„Нивните напори за создавање некаков посебен идентитет датираат по 1944 година. И покрај ова, на територијата на Македонија има луѓе кои и покрај државната политика, имаат бугарски чувства и го нарекуваат својот јазик бугарски. Може да е анекс, може да е меморандум или нов договор, како сакате наречете го, идејата е да биде потпишан, затоа што не им верувам на убавите изјави“, рече Каралачанов.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Дедо изгоре во пожар

На 17.03.2019 во 15:30 часот било пријавено дека над село Оризари, кочанско, на место викано „Бели Камења“, при…