Затвореничка живее во агонија, “Идризово” не ја носи на хемотерапија

Затвореничка во “Идризово” болна од карцином два месеци лежи во затворската соба без соодветна терапија. Здраствената состојба од ден на ден и е се полоша, а освен затвореничките никој друг не се грижи за неа.
Нејзе и била дијагностицирана болеста пред неколку месеци. Лекарите од Клиника одлучиле да ја оперираат по што била извршена интервенцијата лани во декември. Од тука почнуваат новите маки на затвореничката. Наместо да остане на Клиника за лекување, таа по само два дена по тешката операција се враќа во Идризово. Службите ја враќаат и тоа со дрен од раната. Преживува во несоодветни услови.
На документите за отпуст од Клиника затвореничката е потпишана дека доброволно ја напушта болницата и тоа на нејзина одговорност. Но токму оваа постапка доведува до сомнеж колку била свесна што потпишала и дали воопшто знаела каков документ потпишува. Затвореничката подолг период е на силна медицинска терапија поради психички проблеми, заради што е нејасно како можела сама да донесе одлука.
Иако вратена во “Идризово” лекарите од Клиниката за онкологија препишале соодветна терапија меѓу другото и хемотерапија. Но жената не била однесена да ја прими хемотерапијата ниту еднаш. За тоа дали некој од женско ќе се лечи или не, според досегашните искуства на затвореничките, зависи со која надзорничка ќе се оди на Клиника. Но останува нејасно и кој одлучил затвореничката да не ја прими најважната терапија за лекување на тешката болест.
Нејзината состојба е крајно загрижувачка. Последниве неколку дена таа повеќе не може ни да се движи. Постојано зборува за ќерката која живее во Гостивар со таткото. Бара да ја види. Но нејзиниот глас го слушаат само затвореничките, но не и надлежните во затворот кои ја оставиле без терапија, без лекување и без никаква помош.

#фотографија позајмена од интернет

Total
0
Shares
Поврзани објави