Здружението „Храбро срце“: ФЗО е глуво за нашите барања

Здружението „Храбро срце“,  формирано од пациентите со механичка потпора на срцето и нивните поддржувачи бараат властите да ги изедначи сите луѓе кои се соочуваат со ваква состојба и согласно искуствата во другите земјите да го покриваа пост-оперативниот процес. Од Здружението потенцираат дека Фондот за здравствено осигурување го покрива  оперативниот процес, односно вградувањето на механичките, циркулаторни помагала-пумпи за срце, но нема никаква помош околу набавка на материјалите за одржување на пумпите и здравствената кондиција на пациентите особено за оние кои операциите ги имаат направено во странство или во приватни ординации.

По поставување на пумпите животот и извршувањето на секојдневните функции со помош на овие помагала е далеку поразличен од регуларниот начин на живот. Потребно е редовно мерење на коагулацијата на крв со апарат кој чини околу 1000 евра, потоа ленти за тој апарат и слично.  Бидејќи секој пациент има отворена рана во пределот на стомакот потребна е редовно одржување на хигиена со специјални стерилизирани материјали, сетови за преврски,како и лекови и средства со антисептичко својство. Материјалите и апаратите се преку потребни за одржување на еден нормален пост-оперативен процес, кој трае и ќе трае, а ги подмируваме од сопствени финансии, велат од Здружението.

Кога станува збор за рутинските контроли и дополнителните прегледи, постои поделба помеѓу пациентите, односно членовите на нашето здружение наведуваат од „Храбро срце“.

Пациентите оперирани во државна клиника не плаќаат ништо, оперираните во странство делумно им рефундира Фондот, а додека оперираните пациенти во Жан Митрев се си плаќаат од свој џеб. Оперираните во државните установи еднаш неделно може да одат за преврски и мерење на коагулација на крвта.  Зарем другите не сме ние осигуреници на оваа држава Зарем треба да молиме за нашите права да бидат остварени?? Кој е тој што има обврска да ја помогне нашата ситуација и дали ќе продолжиме самостојно да го носиме сиот финансиски терет. Веќе четири месеци чекаме одговор од Фондот за здравствено осигурување, велат од Здружението.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Мајмунски сипаници и во Србија

Србија го регистрира првиот случај на заболен со мајмунски сипаници, објави Институтот за јавно здравје „Батут“. „Случајот дијагностички…
Повеќе

Почина маестро Џамбазов

Денеска почина Александар Џамбазов. Веста ја објави неговиот син Игор Џамбазов. Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно,…