Зпочнаа подготовките на ОБСЕ/ОДИХР за мониторинг на изборите на 5 јули

По покана од македонската влада, мисијата за набљудување ОБСЕ/ОДИХР ќе испрати набљудувачи во Македонија за следење на изборите на 5 јули.

ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за ангажирање експерти од различни области кои треба да го следат изборниот процес, се наведува во соопштението објавено денеска на веб страницата на организацијата.

Меѓународните набљудувачи се очекуваат во земјата по 19 јуни.

По официјалната покана да се набљудуваат предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули и во согласност со својот мандат, ОДИХР се подготвува да испрати специјална мисија за проценка на изборите. Во отворениот конкурс, кој завршува на 16 јуни, ОДИХР бара шеф на мисијата на Северна Македонија и негов заменик, политички и изборен аналитичар, како и аналитичар за регистрација на гласачи, правен и медиумски советник. Мисијата ќе биде во траење од три недели, а сите кандидати треба да бидат на располагање за извршување на задачите од 19 јуни, стои во соопштението.

Р.Д.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Шура уби зет во Тафталиџе

Откако КУРИР објави за инцидентот кој вечерва се случил во скопско Тафталиџе, информацијата ја потврдија и од МВР.…