Д-р Илир Хасани се врати во болница

По пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени, оставка од морални причини поднесоа заменик -министерот за здраство , Д-р Илир Хасани и двајцата директори на тетовската Болница.

– Во овие тешки моменти за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со процедурите за модуларната болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во овие моменти, за да ги почитувам жртвите, повредените, јавноста и најмногу јас. Нема ништо над достоинството, напиша заменик-министерот Хасани на социјалните мрежи.

Денес, д-р Илир Хасани сподели фотографија на социјалната мрежа Фејсбук со која ја извести јавноста дека им се враќа на своите работни обврски, но овојпат како лекар специјалист по општа хирургија со субспецијалност трауматологија.

Total
0
Shares
Related Posts