Мицкоски по средбата со Орбан во Охрид: Денешните средби го потврдуваат нашето стратешко сојузништво

Премиерот Христијан Мицкоски утрово остварил средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера пристигна во официјална посета на државава.

Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Orbán Viktor. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Total
0
Shares
Related Posts