Од обвинителството соопштија дека на обвинител во скопско обвинителство му бил запален автомобилот. Станува збор за обвинителка од Скопје.
-Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен, соопштија од обвинителството.
Според нив, првичните индиции упатуваат дека обвинителката била таргетиран бидејќи „постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија.“
Од скопското обвинителство не откриваат повеќе детали за обвинителката и за истрагите кои ги води освен што посочија дека станува збор за еден предмет отворен пред неколку години за кој се преземаат повеќе истражни активности.
Од МВР пак соопштија дека пожарот е пријавен утрово околу 6 часот, по што пожарникарите го изгаснале пожарот и е извршен увид. Пожарот е предизвикан на територија на Карпош, а предизвикана е материјална штета на возило пежо партнер. Нема повредени лица. Пријавител на случајот е 45-годишне маж.