Почина Папата Франциск на 88-годишна возраст

Папата Франциск, врховниот поглавар на Римокатоличката црква, 226-от римски бискуп и шеф на државата и суверен на Ватикан, почина на 88-годишна возраст, објави претпладнево Ватикан.

Франциск беше прв Папа од јужна Америка и воопшто прв Папа по над 1 800 години кој не бил кардинал од европскиот континент.

Папата Франциск помина повеќе од еден месец во болница поради двојна пневмонија. Испеа да се врати на должностите за време на одбележувањето на Христовото Воскресение, но почина на втор ден Велигден.

Папата Франциск за време на празнувањата се сретна и со повеќе државници меѓу кои и американскиот потпретседател  Џ.Д. Венс, хрватскиот премиер Пленковиќ и други.

Се залагаше за отварање на католичката црква кон сиромашните и беше поборник на расправата за општествените и социјалните теми особено за улогата на жените, правата на хомосексуалците и смртната казна. По промената на американската политика, тој застана во одбрана на правата и достоинството на емигрантите и на малцинските заедници.

Во 2019-тата Папата Франциск ја посети Македонија.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

СЕ САМОУБИЛ И ГО КРЕНАЛ САЈБЕРТРАКОТ ВО ВОЗДУХ: Американски специјалец стои зад експлозијата пред хотелот на Трамп во Лас Вегас

Високо одликуваниот војник на американската армија во сајбер камионот Тесла, кој се запали пред хотелот на новоизбраниот претседател…