Скопјани од 15 октомври ќе имаат парно: ЕСМ и Адора постигнаа договор за закуп на топланите

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје и Адора постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на Адора, кои ќе се користат од страна на ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје, информираат од ЕСМ.

-Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.

Двете компании покажаат општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период, велат од ЕСМ.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Уранија Пировска: Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се збореше и правеше претходно! НЕ Зоран Заев, ЛГБТИ заедницата нема да ти прости!“

Само неколку минути по објавувањето на изјавата на премиерот Зоран Заев, кој коментирајќи ја аферата „Рекет“, рече дека…