Четворица повредени во судар меѓу амбулантно и патничко возило во Скопје

Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и возило на Итна медицинска помош.

Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“. Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово.

Повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св.Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Максим Димитриевски: Орденот што го добив “100 годишната од Првата светска војна” ќе му го вратам на Каракачанов со протесно писмо

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил информираше дека ќе му го врати орденот на бугарскиот министер за…