Бебето родено на Клиника кое тежеше само 700 грама , замина дома здраво и живо

По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото бебе Викторија, на 18 март замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, ова денеска преку статус на Фејсбук го напишаа од ГАК.

-Трудницата која е прворотка беше хоспитализирана на ЈЗУ УГАК – Скопје на 27.12.2021 година. Бременоста и беше оптоварена со повеќе ризици, а породувањето се изврши спонтано.

Бебето беше родено на 04.01.2022 година, предвремено во 26 гестациска недела, со екстремно мала тежина од само 700 грама, со должина од 28 сантиметри и со апгар 3/5/5. На 18.03.2022 година од Клиниката за гинекологија и акушерство беше испишано со 2200 грама телесна тежина.

Во периодот на престој на нашите одделенија, новороденото имаше комплексен третман. Во интензивниот третман применета е механичка вентилациона поддршка во првите 21 ден од раѓањето.Потоа новороденото беше ставено на кислородна поддршка со неагресивна механичка вентилација до 67-от постнатален ден, со постојан мониторинг на виталните функции и кислородна заситеност со пилсоксиметрија и гасни анализи.

На бебето му се направени сите скрининзи кои се пропишани во Националната програма на Министерството за здравство и го испративме од У ГАК со прецизни поуки за контрола и за следење на растот и на развојот.

Новороденото беше испишано во добра општа состојба, со пораст на телесната маса, стабилно и витално.

Нашата најмала хероина во 2022 година првпат влезе во својот дом во Скопје изминатиот петок, по 2,5 месеци поминати на неонатолошките интензивни одделенија на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Тимот од педијатри/неонатолози, медицински сестри и акушерски секојдневно ја следеа нејзината здравствена состојба и заедно со новороденото ги добија сите предизвици кои се испречуваа пред нив, стои во нивниот пост.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Нотарски потпис, лична карта и не се плаќа – активистката Бранкица Димитровска и други собираат потписи лицата со попреченост да влезат во Парламент со независна листа

Активистката за правата на лицата со попреченост Бранкица Димитровска, заедно со други лица со попреченост, родители на деца…