Две жртви во тешка несреќа на автопатот Штип – Свети Николе, загина 15-годишно девојче

Две жртви во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Штип – Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково. Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубили 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Повредени има и тоа со тешки телесни повреди, нивниот број се уште не се знае, а од страна на екипите на Брзата помош се транспортирани во штипската Клиничка болница.

Возила на Брза помош и на Територијалната Противпожарна единица – Штип се на терен, сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, а полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.

Во моментов во тек е увид од страна на истражните органи.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Повлечените МРП вакцини биле квалитетни, никој нема да одговара за погрешните податоци на налепниците

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по…