Доктор Пановски не препорачува вакцинирање на деца: Грипот за нив е поопасен од Ковид-19

Микробиологот доктор Никола Пановски за 360 степени вели дека прво треба да се вакцинираат луѓето над 60 години.

“Не знам зошто би се вакцинирале децата, мислам дека целата работа е некако наопачки. Вакцинирањето е доброволно и пак ќе си ги вакцинираат децата оние што веќе се вакцинирани и нема да се заштитат фамилиите каде никој не е вакциниран.

Не знам, може е само најава, но очигледно има потреба да се вакцинираат ранливите, ризичните групи на граѓани. Не е во ред да се заштитутваат тие луѓе со тоа што ќе ја вакцинираме нивната околина и тоа децата кои лесно го поминуваат вирусот.

На 17 отсто проценти вакцинирани граѓани да се зборува за вакцинирање на деца, тоа не ми е логично. Тоа може да се зборува кога ќе имаме 75-80 отсто вакцинирано население“, вели Пановски, кој посочува дека грипот е поопасен за децата од Ковид-19, па дури и од делта сојот.

“Не е опасен, но ако веќе ги споредуваме е поопасен, а не ги вакцинираме од грип“, вели тој.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави