Европскиот фронт воден од ДУИ му помогна на ВМРО-ДПМНЕ за двотретинско мнозинство во гласањето среде ноќ за поголем број министерства

Со 88 гласа “за” пред 3 часот ноќеска беше изгласан Законот за организација на работата на органите на државната управа, со кој бројот на министерствата на владата се зголемува за 25% односно од 16 на 20.

Во двотретинското мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам, им се приклучи Европскиот фронт на ДУИ и ги обезбеди клучните гласови за промена на составот на владата. Пресвртот се случи претходно кога  пратенички делегации на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт се сретнаа во Собранието по што беше објавено дека ги поддржуваат промените. Било прифатено и барање на Европскиот фронт.

-Во рамки на средбата се разговараше и за меѓусебниот дијалог помеѓу власта и опозицијата при што беше прифатено барањето на коалицијата Европски Фронт во догледно време Собранието да формира ад хок комисија со Претседател предлог на опозицијата, којашто ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа и за својата работа два пати годишно ќе го информира Собранието, соопшти ВМРО-ДПМНЕ по средбата.

На седницата на законот за влада, 22 пратеноци гласаа “против”. СДСМ упати жестоки критики  на сметка на законот и трошоците кои ќе ги предизвикаат новите министерства за што  е наведено дека нема да има дополнителни буџетски импликации. Левица критикуваше за начинот и процедурата за носење на законот.

Владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ ја побара реорганизацијата на Владата за поефикасно функционирање на државниот апарат за потребите на граѓаните додека за опозицијата, четирите нови министерства се дополнителен трошок и пат кон нови партиски вработувања.

Total
0
Shares
Related Posts