Камчев се спогоди до државата , но му остануваат уште 7 месеци затвор

Бизнисменот Орце Камчев, иако со спогодба е осуден на казна затвор од една година, за случајот “Империја”, сепак тој треба да одлежи околу 7 месеци во затвор.

Казната во старт се намалува, бидејќи во неа се засметува и времето кое бизнисменот го помина во куќен притвор. Па така, тој во притвор влезе на 10 ноември 2018 година, а излезе на 27 декември. Од истиот датум пак замина во куќен притвор, кој му беше укинат на 29 март 2019 година, или сума сумарум, во притвор помина повеќе од четири и пол месеци.

Тој деновиве треба да добие упатен акт за во затвор, бидејќи по склучената спогодба со обвинителството нема право на жалба.

Според висината на казната, истата би требало да ја издржи во истражниот затвор “Скопје”.

Обвинителството денеска информираше дека Камчев се спогодил да плати 5 милиони евра обештетување и прифатил казна затвор од една година.

Total
19
Shares
Поврзани објави