Домаќинот на Светското првенство Катар, кое денеска стартува и ќе трае до 18 декември, само на стадионите на кои ќе се играат мечевите, вкупно осум од кои шест се комплетно нови, а два реновирани вклупно потроши 6,5 милијарди долари и после едномесечниот турнир поголемиот дел од атрактивните фудбалски храмови ќе ги расклопи.
Станува збор за осум стадиони на кои ќе се игра шампионатот и кои делуваат футуристички, прекрасно, нудат идеални услови зашто поголемиот дел од нив се климатизирани, но со многу крв е платена нивната изградба откако излегоа податоците за преу 6.500 загинати работници, мигранти од Бангладеш, Непал, Шри Ланка, Пакистан, Индија, поради што западниот свет бараше и повикуваше на бојкот на Мундијалот.
ЛУСАИЛ ИКОНИК (80.000 ГЛЕДАЧИ)
Најголемиот стадион со капацитет од 80.000 гледачи ќе биде домаќин на најмногу мечеви меѓу кои и на финалето на 18 декември. После завршување на Светското првенство, капацитетот ќе се намали за четирипати, на само 20.000 гледачи, а вишокот од градежен материјал при расклопувањето, ќе се искористи за изградба на други објекти.
АЛ БАЈТ (60.000 ГЛЕДАЧИ)
Најнеобичниот стадион во Катар е во градот Ал Хор, зашто потсетува на џиновски пустински шатор, со капацитет од 60.000 гледачи и е потполно енергетски самоодржлив. На него има и хотел со соби кои имаат поглед на теренот
СТАДИОН 974 (40.000 ГЛЕДАЧИ)
Уникатот во историјата на фудбалот, прв комплетно монтажен стадион, изграден од бродски контејнери, кој после завршување на Мундијалот комплетно ќе биде размонтиран, а потоа ќе биде дониран во некоја африканска земја. Името го носи „старион 974“, зашто од 974 бродски контејнери е направен, а плус овој број е позивен за катер. На негово место ќе биде изграден парк
АЛ ТУМАМА (40.000 ГЛЕДАЧИ)
Дизајнот е инспириран од традиционалната муслиманска капа за мажи и деца која се вика „такијах“. И овој стадион како и Лусаил ќе биде половично расклопен, па ќе се сведен на 20.000 гледачи.
Ова е еден од двата стадиони кои во Катар постоеа и пред кандидатурата за СП 2022. Изграден е во 1976, се наоѓа на самиот брег, а во изминатиов период е само дополнително реновиран
ЕДУКЕЈШН СИТИ (45.000 ГЛЕДАЧИ)
Се наоѓа во близина на универзитетскиот кампус каде се смести еден од фаворитите Аргентина, одбивајќи да бидат во луксузен хотел. После Мундијалот и овој стадион ќе биде половично расклопен и сведен на капацитет од 20.000 гледачи.
АХМАД БИН АЛИ (45.000 ГЛЕДАЧИ)
Заедно со стадионот Калифа, еден од двата кои постоеа пред да се добие организацијата за СП, изграден во 2003 година, а дополнително реновиран сега за потребите на Мундијалот. Занимлив е поради мултимедијалната фасада, на која 24 часа дневно ќе се прикажува комплетната програма за СП. Горниот дел од стадионот после СП ќе биде тргнат
АЛ ЏАНУБ (40.000 ГЛЕДАЧИ)
Инспириран од традиционалните чамци „дау“, кои се карактеристични за Блискиот Исток. Има подвижен кров, а темературата на него може да се спушти до 18 степени и важи за еден од најнеобичните стадиони.
извор: sport1.mk