Мицкоски: Ако треба правдата ќе ја побараме и во Стразбур

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција рече дека партијата ќе ја обжали одлуката на Судот, со која се конфискува партиското седиште на партијата, а најави и можно отворање на постапка пред Судот во Стразбур.

На сето ова ќе вложиме жалба откако писмено ќе ја добиеме пресудата, пред Апелациониот суд. Не очекуваме дека нешто може во ова партизирано судство и обвинителство да се измени, но ќе ги искористиме сите правни механизми коишто ни стојат на располагање, а ќе ја разгледаме и опцијата да отвориме постапка и пред Судот во Стразбур. Правдата ќе биде докажана“, рече Мицкоски.

Total
1
Shares
Поврзани објави