Мијалков може да избега во Израел? Адвокатите испратија писмо до израелската амбасада

Бранителите на Сашо Мијалков преку писмо испратено до амбасадорот на Израел во Загреб, побараа помош за екс-шефот на тајната служба. Причината за ова писмо, како што велат, е тоа што во одлуката на Кривичен суд за одредување 30-дневен притвор за Мијалков пишува дека тој има контакти со израелските тајни служби кои можат да му помогнат да избега.

Адвокатот Давидовиќ вели за да се изјави вакво нешто, треба да биде поткрепено со факти.

Тимот адвокати очекуваат израелската дипломатска канцеларија во Хрватска, која го покрива регионот, да ги провери овие факти и да излезе со став. Инаку, на Мијалков му е одредена мерка притвор од 30 дена за случајот „Плацевите на Водно“, веднаш откако Апелација го ослободи од притвор за случајот „Тортура“.

Total
2
Shares
Поврзани објави