По три дена молк, се огласи Прв скопски извиднички одред: Децата погрешно ги разбрале игрите


По информациите во дел од медиумите дека овој одред добивал финансиска поддршка од Град Скопје, како и од невладините организации ХЕРА и Фондацијата Отворено општество, тие се дистанцираа од организацијата поради скандалот. Град Скопје инстантно го прекина договорот за соработка.

Откако во полиција на разговор бил викнат еден од организаторите на извидничкиот камп каде што, според сведочењата на родителите, малолетници имале недолична сексуална едукација, сега ќе се повикуваат и децата учесници да дадат исказ за тоа што се случувало таму, дознава „Слободен печат“ од свои извори во истрагата.

Во меѓувреме, по три дена молк со став се јавија и од Прв скопски извиднички одред, тврдејќи дека „сведочењата за настанот се извадени од контекст“. За овој настан, тројца родители во редакцијата на „Слободен печат“ се пожалија дека децата биле дел од несоодветни активности, кои вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале, симулирање сексуални пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир, оставање отпечатоци од полови органи на хамер и друго.

„Сакаме да напоменеме дека нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани. Есенски бакнежи, прегратки е традиционален , чија цел е да ги спои основите на рок-музиката, извидничките вештини и сексуалното образование. Настанот е наменет за категоријата постари извидници, постари малолетници над 16 години. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно“, соопштија од Прв скопски извиднички одред.

информацијата продолжува на порталот Слободен печат

Total
1
Shares
Поврзани објави