Премиерот на Австралија: Ќе го вратиме Ѓоковиќ назад со првиот авион

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, не ја исклучува можноста Новак Ѓоковиќ да биде вратен дома со првиот авион. Ѓоковиќ ќе треба да докаже дека медицинското ослободување од вакцинацијата против коронавирус што го добил е автентично, во спротивно нема да му биде дозволено да влезе во земјата.

Премиерот Морисон на медиумите им порачал дека најдобриот светски тенисер ќе биде третиран како и сите останати луѓе кои влегуваат во Австралија.

„Ѓоковиќ кога ќе пристигне во Австралија, доколку не е вакциниран, мора да докаже дека не смее да биде вакциниран од медицински причини. Го чекаме да пристигне, тогаш ќе видиме какви докази ќе приложи. Доколку тој доказ не е доволен, нема да има поинаков третман, туку ќе биде вратен назад со првиот авион. Нема да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ“, порачал Морисон.

Total
12
Shares
Поврзани објави