Протест во Скопје поради смртта на осуденик на доживотен затвор за убиство на полицаец

Денеска во 13.30 часот се очекува да започне протестен марш заради смртта на Реџаил Ќерими, кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот „Алфа“’. Протестот ќе тргне од плоштадот „Скендербег“, а планирано е да заврши пред Канцеларијата на Европската Унија во Скопје. Според најавите, oд Делегацијата на ЕУ ќе биде побарана меѓународна експертиза на судските пресуди за овој и за нелку други судски случаи.

Протестниот марш го најавил Јетула Ќерими, брат на Реџаил Ќерими.

„Ве известуваме дека на 4 февруари во 13.30 часот ќе се собереме на плоштадот „Скендербег“ каде ќе го започнеме маршот во чест на Реџаил Ќерими и од Канцеларијата на ЕУ ќе побараме меѓународна истрага за сомнителната смрт, но и истрага за сите други политички монтирани случаи”, напиша Ќерими на социјалните мрежи.

Реџаил Ќерими почина малку по полноќ на 27 јануариа пат кон Скопската клиника, откако ноќта му се слошило во затворот „Идризово“.

Тој и Агим Ислами во 2010 година беа осудени на доживотен затвор за нападот на полицајците од единицата „Алфи“ на паркингот пред Природно математичкиот факултетот, што беше извршен во ноември 2008 година. На 9 години затвор беше осуден Рамадан Шаќири, како соучесник во делото, а потоа и Алмир Дрпљани на доживотен затвор, откако по бегството беше екстрадиран во Македонија.

Во нападот врз полициските „алфи” беше убиен полицаецот Албанец Африм Арифи, а двајца негови колеги Македонци беа ранети.

Total
24
Shares
Поврзани објави