Силен земјотрес од 7,2 степени во Тихиот океан

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на пацифичкиот остров Вануату рано утрово, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот бил на длабочина од 531 километар, додаде ЕМСЦ.

Првично, ЕМСЦ објави дека земјотресот бил со јачина од 7,2 степени, па се променил на 6,7, но на крајот го исправил на првична проценка од 7,2.

Нема информации за можна штета или повредени, објави „Ројтерс“.

Американскиот систем за предупредување од цунами не издаде предупредување по земјотресот.

Total
1
Shares
Поврзани објави