Ужас во Загреб: Уапсен 21-годишник поради сексуално злоставување на 31 малолетник

Полицијата од Загреб уапси 21-годишен дечко под сомнение дека преку социјалните мрежи извршил 56 кривични дела, при што им била нарушена сексуалната слобода на дури 31 малолетник. Меѓу делата за кои се терети уапсениот е и подведување и силување деца и нивно искористување за порнографија.

Минатиот четврток 21-годишникот беше предаден на надзорникот на притворот, а на предлог на загрепското обвинителство, истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб му одреди едномесечен истражен притвор

Полицијата во понеделникот соопшти дека во текот на септември и октомври во соработка со колегите од Вараждин и загрепското жупаниско државно обвинителство, спровеле оперативна акција Немезис 7, со која е утврдено дека 21-годишникот извршил 56 кривични дела на штета на сексуалната слобода, пишува Телеграф.

Тој се сомничи дека со користење на социјални мрежи и апликации за споделување содржини извршил кривични дела подведување дете, силување, сексуална злоупотреба на дете кое не наполнило 15 години, експлоатација на деца за порнографија, проституција, закани, воведување деца во порнографија и привлекување на децата да ги задоволат нивните сексуални потреби.

Полицијата го товари дека горенаведените кривични дела ги сторил на штета на 31 малолетно лице и четири полнолетни женски лица, а сторил и едно кривично дело неовластено користење на лични податоци на штета на полнолетно машко лице.

Минатиот четврток 21-годишникот беше предаден на надзорникот на притворот, а на предлог на загрепското обвинителство, истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб му одреди едномесечен истражен притвор.

Total
1
Shares
Поврзани објави