ФОТО: Каролина Гочева жртва на сајбер злоупотреба

Нашата пејачка Каролина Гочева неодамна на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во празничен амбиент наздравувајќи за остварените соништа и нови надежи.

Нејзина фотографија завршила во рацете на измамници кои ја искористиле истата и тоа без дозвола на пејачката, за маркетинг цели.

Засега не е познато кој ја искористил личната фотографија на пејачката која се најде на лажен фејсбук-профил, со цел да заработи пари преку „наградна игра“.

„Лажен профил и лажна наградна игра!“, напиша Каролина во описот на фотографијата што ја сподели на инстаграм-стори, обелоденувајќи дека е жртва на сајбер злоупотреба.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Разговор со докторот кој го експлантира првото донирано срце во Македонија : Доминираше чувството на бескрајна почит кон делото на донорот

Денеска се навршува една година од првата трансплантација на срце во Македонија, односно денес срцето на покојната Емилија…