Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт вчера попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец, вели Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие.
Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови, а првиот воз што нема да биде во сообраќај е со број 631 на релација Скопје-Гевгелија што тргнува во 16.55.
-Информирано е раководството кое ветува дека од понеделник ќе бидат пуштени средствата, но останува одлуката на машинскиот и извршниот персонал за бојкот, рече Димовски