Ветер со силина од 150 километри на час во Пелагонија, невреме во Охрид и Скопје

Невреме со грмотевици и поројни дождови попладнево пред 17 часот го зафати Пелагонискиот регион, продолжувајќи кон Велес и Градско.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека невремето е проследено со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер.

На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани бил регистриран удар на ветер од 150 километри на час.

ЦУК извести дека на подрачјето на Велес од страна на пожарникарската служба во Велес биле известени дека во селото Каласлари имало запалено сено и паднати бандери.

Кратко невреме го зафати и охридскиот регион како и Скопје. Во скопската населба Козле се откачил кров и паднал на неколку паркирани возила.

Total
0
Shares
Поврзани објави