ДКСК: Незаконски разрешувањата на директорите на токсикологија и кардиохирургија

Антикорупционерите едногласно се согласија за покренување на постапка против одлуките на Министерот за здравство Илир Демири да ги разреши на медицинските директори на Токсикологија Данил Петровски и Кардиохирургија Марјан Шокаровски, пристигнатите пријави до ДКСК се прифатија и дека до надлежните органи ќе покренат иницијатива за одговорност на министерот за здравство.

Според нив не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата односно требало да има предлози за разрешување од управните одбори до здравствените совети на овие установи.

Членот во комисијата Цвета Ристовска која го образложуваше предметот за Токсикологија посочи дека причина за разрешување на медицинскиот директор била „несовесно постапување“ и заради непродолжување на договорите на дело за 18 лица на Клиниката. И покрај изречената забрана на оваа ЈЗУ за пристап, здравствени работници продолжиле да се евидентираат во електронски систем без склучени договори.

Разрешувањето на медицинскиот директор на Токсикологија Данил Петровски Министерството за здравство го објави на 14 мај, како причина беше наведено несовесно постапување на разрешениот директор а се должело на непродолжување на договорите за дело на 18 лица појаснуваат од антикорупциска, по што било склучено 11 договори на дело само со еден потпис на организацискиот директор на Токсикологија.

Разрешувањето на Марјан Шокаровски пак во Кардиохирургија министерот го заснова на две причини: 170 пациенти не биле внесени регуларно во системот „Мој термин“, а втората причина била крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција.

Total
0
Shares
Поврзани објави