Зеленски : Во регионите Херсон и Запорожје има соби за мачење

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди за претстојна офанзива на руските сили во источниот дел на Украина, во своето видео обраќање, пренесе Си-ен-ен.

„Тие сакаат буквално да завршат и да го уништат Донбас. Да се уништи сè по што некогаш беше познат овој индустриски регион. Токму како што руските војници го уништуваат Мариупол“,тие сакаат да избришат други градови и заедници во регионите Донецк и Луганск, смета украинскиот претседател.

Зеленски додаде дека во Харков, руското гранатирање уби петмина жители и остави 15 лица ранети во текот на вчерашниот ден. Во изминатите четири дена, вкупно 18 лица биле убиени, а 106 ранети од руското гранатирање на Харков.

„Ова не е ништо друго, туку намерен терор. Минофрлачи, артилерија против обични станбени населби, против обични цивили“, рече Зеленски.

Руските сили ги обвини и за хуманитарни прекршувања во регионите Херсон и Запорожје, во јужна Украина.

„Таму се изградени соби за мачење. Тие киднапираат претставници на локалните власти и сите што се сметаат за видливи за локалните заедници. Тие уценуваат наставници. Тие крадат пари, наменети за исплата на пензии. Хуманитарна помош блокирана и украдена. Тие вршат изгладнување“, нагласи украинскиот претседател.

Си-ен-ен пишува дека, засега, медиумот немал можност да ги потврди овие обвинувања на Зеленски.

Total
0
Shares
Поврзани објави