Малолетник избоден до смрт во центарот на Прилеп, сторителот го признал убиството

Свирепо убиство се случило синоќа во центарот на Прилеп.

Според информациите на медиумот, група на млади луѓе најпрво физички нападнале, а потоа и со нож избоделе младо момче пред деветтокатница во градот.

– Според информациите од очевидци, момчето потоа се обидело да побегне и паднало пред поранешен хотел `Скопје`, каде и починало.

Според сведоштвата на прилепчани на инцидентот му претходела физичка пресметка на поголема група млади лица.

Инцидентот се случил пред деветкатницата во Прилеп во близина на градскиот плоштад. Момчето почнало да бега од групата, но паднало на влезот на прилепската чаршија по што било стигнато од групата која учествувала во тепачката.

Очевидците повикале Итна помош и околу 19:40 случајот бил пријавено во полиција. Итната помош го префрлила момчето во прилепската болница, но им подлегнало на повредите од повеќето убоди кои му биле нанесени по телото.

Полицијата го истражува убиството. Локални веб медиуми објавија претпоставки дека станува збор за малолетник на 15 – 16 годишна возраст.

Дополнително се работи на утврдување на идентитетот на момчето бидејќи кај него не биле пронајдени лични документи за да може да биде идентификувано. Надлежните дадоа наредба за обдукција на телото.

Денеска (01.03.2024) во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп.

Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.

Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик.

Total
0
Shares
Поврзани објави