Младиот кривопаланчанец се извини за малтретирањето на кучето и ја појасни ситуацијата

23-годишникот А.А. од Крива Паланка јавно се извини за малтретирањето на кучето на автопатот во градот. 

Откако во јавноста се појави видео на кое се гледа како кучето трча врзано за автомобил во движење, полицијата отвори истрага за случајот и младиот кривопаланчанец кривично ќе одговара. 

Се води истрага поради сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик.

Од Здружението за заштита на животните „Happy Paws“-Крива Паланка и Ранковце разговараа со сторителот на делото кој јавно се извини и појасни дека кучето само излегло од возилото, а тој не можел да го запре возилото бидејќи возел на автопат. 

Total
0
Shares
Related Posts