Над 600 загинати во силен земјотрес во Мароко

View of a damaged car and debris from the earthquake in Marrakech, Morocco September 9, 2023 in this screen grab taken from a video. Al Oula TV/Handout via REUTERS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. NO RESALES. NO ARCHIVES. MANDATORY CREDIT. MOROCCO OUT. NO COMMERCIAL OR EDITORIAL SALES IN MOROCCO

Повеќе од 600 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди центарот на Мароко доцна на 8 септември по локално време, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

Во извештајот на тамошното МВР, објавен утрото на 9 септември по средноевропско време, се наведува дека загинале 632 лица, а 329 се повредени.

Според Министерството, 51 од повредените се во критична состојба по земјотресот.

Како што јави Би-Би-Си, се очекува бројот на жртвите да се зголеми по земјотресот, кој наводно погодил една третина од земјата.

Има извештаи за големи тешкотии да се стигне до оддалечените села на планините Атлас кои се сериозно погодени од земјотресот. Можеби ќе поминат денови додека спасувачите да стигнат до тие села, кои главно се состојат од стари згради.

Претходно, првичните информации на министерството беа дека „според привремениот извештај, 296 лица загинаа во земјотресот во провинциите и општините Ал-Хауз, Маракеш, Уарзазате, Азилал, Чичауа и Тарудант“.

Се вели дека многу луѓе загинале во тешко достапните планински области.

Земјотресот со јачина од 6,8 ги извади луѓето на улиците во Маракеш и другите градови, главно јужно од Маракеш, кој е популарна туристичка дестинација.

Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 71 километар југозападно од Маракеш.

Непотврдени видео клипови на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) покажуваат оштетени згради и улици во урнатини.

Сведоци од Маракеш изјавија за новинската агенција Ројтерс дека некои згради се урнале во дел од градот што е дел од светското наследство на УНЕСКО. Во дел од ѕидините на средновековниот град биле забележани големи пукнатини.

Локалните телевизиски станици емитуваа слики од срушеното минаре на џамијата, со урнатини на смачкани автомобили. Други непотврдени снимки покажуваат луѓе како врескаат додека истрчале од трговските центри и рестораните.

Ова е еден од најсилните земјотреси во Мароко во последниве години – и иако тие се релативно ретки, земјотресот со јачина од 5,8 степени во 1960 година уби илјадници луѓе.

Дури и луѓето од Канарските острови во близина на брегот на Мароко и во Алжир, неговиот источен сосед, велат дека го почувствувале потресот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео: Нападната Одеса!

Дописничката на „Вашингтон пост“ Изабел Хуршудјан која е со седиште во Одеса се огласи на Твитер и истакна…