Османи: ДУИ донесе три одлуки по ставањето на Мерко на црната листа на САД

ДУИ донела три одлуки во врска со информацијата дека САД го ставиле струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа поради сомневања за значителна корупција, соопшти порпаролот на партијата, Бујар Османи.

„ДУИ бара институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко за сите тврдења и информации кои произлегуваат од извештајот на Стејт департментот на САД. ДУИ Ја прифаќа одлуката на Рамиз Мерко за замрзнување на негови партиски функции додека не заврши истрагата. ДУИ ја прекинува изборната активност во Струга додека не се создадат нови услови за нивно организирање“,соопшти Османи.

Тој повика да има истрага за сите политички партии и нивните јавни и партиски функционери бидејќи, како што нагласи, само на тој начин можеме да се бориме против корупцијата и злоупотребата на темата за политички цели.
САД ги охрабруваме да продолжат со оваа активност, додаде Османи.

Тој повтори дека ДУИ има јасни ставови по однос на владеењето на право и бробата против корупцијата, потсетувајќи на двете одлуки на Централното претседателство на партијата, за задолжителен ветинг на секој носител на партиски и јавни функции, по можност со меѓународна помош, и за итна инситутционална верификација на сите јавно изразени сомневања за партиски и јавни функционери на ДУИ.

Total
0
Shares
Поврзани објави