Пиргов: Возачот носел туби со нафта во предниот дел на автобусот ?

„Автобусот излетал и пукнала предната десна гума, па се влечел, имало излевање гориво и бидејќи работело парното на автобусот, оттаму дошла до несреќата од која настанал пожарот.

Пожарот настанал од предниот дел на автобусот бидејќи задниот дел е речиси зачуван“, изјави за БНТ Васко Пиргов, експерт за мотори со внатрешно согорување, кој пристигна во првите минути по несреќата на автопатот Струма.

Според него, возачот по се изгледа имал туби полни со нафта (најверојатно дизел)  до предните седишта поради што дошло до екплозија и се запалил автобусот.

Дваесет минути претходно, автобусот правел пауза на бензиска станица, но според проценката на Пиргов, веројатно потоа заспал зад воланот, бидејќи во тој дел немало како да се излизга од патот.

Друг експерт за бугарските медиуми изјави дека возачот поминал 350 километри од границата со Турција  до местото на несреќата за помалку од четири часа, при што правел и пауза, и тоа во ноќни услови, сугерирајќи дека се движел со големи брзина.

Total
0
Shares
Поврзани објави