Работник паднал во канал – спасувачи го бараат

Се трага по лице кое паднало во канал за наводнување во село Тркање, додека работел на објект.

Според информациите од МВР, вчера во 17,10 часот во Полициска станица Кочани, С.К. (36) од Скопје пријавил дека Р.А.(27) од Кавадарци, кој извршувал работни задачи на објект, најверојатно паднал во канал за наводнување, кој се наоѓал во близина.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и во координација со ТППЕ на Кочани преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. За настанот е известен јавен обвинител.

Total
0
Shares
Поврзани објави