Од Територијалната противпожарна единица потврдуваат дека во 4.40 часот интервенирале на самото место со три возила и седум пожарникари
Во пожар што избил рано утрово во Кавадарци изгоре берберница, а со пожарот бил зафатен и уште еден објект до неа. За среќа нема повредени, објави МИА.
Очевидци изјавииле дека пожарникарите брзо дошле и спречиле огнот да се прошири на околните објекти.
Од Територијалната противпожарна единица потврдуваат дека интервенирале на самото место со три возила и седум пожарникари.
Пожарот се случил околу 4.40 часот утрово.