Успешно вградено вештачко срце кај уште еден пациент на д-р Жан Митрев

На Дејан Христовски, млад пациент во 40тите години му е продолжен животот откако од д-р Жан Митрев заедно со тимот му беше вградено вештачко срце. Механичка циркулаторна потпора или т.н. механичко срце кое се вградува до срцето ја подобрува функцијата и ја надополнува во оној дел каде не е функционално.

Кај Христовски е дијагностицирана тешка дилатативна кардиомиопатија која во последните неколку години особено се влоши и срцевата функција континуирано опаѓаше. Вештачкото срце, покрај класична трансплантација, претставува една од двете можни опции за пациенти кај кои не помагаат лекови. 

Кај овие пациенти потребна е постоперативна обука за нив и за семејството за ракување со поставениот уред. Кај Христовски постоперативна обука поминаа успешно и пациентот беше пуштен дома.

Ова е еден од 40-те пациенти кај кои во текот на изминатите 4 години д-р Жан Митрев заедно со својот тим има вградено ваков уред. Сите овие пациенти со вградувањето вештачко срце добија шанса за враќање во нормален живот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Балканската музичка ѕвезда, кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, почина од компликации од ковид-19 во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад.…