Фото: Прва трансплантација на лигамент од починат донор

Деветта во низата успешно извршени трансплантации, а прва трансплантација на лигамент од починат донор на Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ.

🏃‍♂️Млад 34 годишен пациент со сериозна повреда на десното колено, доби мекоткивен графт експлантиран од починат донор.

📋Се работи за ревизија на скинат преден вкрстен лигамент на десното колено, што е прилично честа повреда кај физички и спортски активната популација. Ревизијата се направи со графт од починат донор.На нашиот пациент му посакуваме поскоро враќање на секојдневните активности.

✅Горд сум на своите колеги и целиот тим на Клиниката за Ортопедија при ТОАРИЛУЦ за сите досегашни извршени трансплантации. Благодарност до сите храбри семејствачии тешки одлуки донесоа надеж за многу пациенти . 🙏 – објави доктор Александар Трајановски.

Лекарскиот тим кој ја изврши оперцијата се докторите : Александар Трајановски , Маја Мојсова, Савески Алек , Милена Богојевска

Total
0
Shares
Поврзани објави