116 лица во Македонија по вторпат се заразиле со ковид -19,од нив двајца починале

Од појавата на првиот случај на ковид-19 во Македонија пред една година досега, 116 лица по вторпат се заразиле со вирусот. Ова го покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје за реинфекција со коронавирусот.

Д-р Гордана Кузмановска, раководителка на Секторот за контрола и превенција на заразни болести во Институтот за јавно здравје, за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека меѓу случаите на реинфекција има заболени на различна возраст и тоа од 6 до 77 години, а најголем број од нив, 93 случаи, биле над 30 години.

„За формата на болеста, дали се со потешка или полесна клиничка слика, не може да се дадат прецизни податоци, бидејќи податоците со кои располагаме врз база на направените анкети не се релевантни за целото времетраење на болеста. За девет лица имаме податок дека биле хоспитализирани, а за 44 дека биле на домашно лекување. Од вкупниот број 116 реинфекции, починале две лица на возраст од 63 и 77 години“, вели д-р Кузмановска.

анализата продолжува на : SDK.MK

Total
0
Shares
Поврзани објави