Децата во Ново Лисиче не биле заборавени – таткото ги заклучил во кола за да оди на забава

Трагедија била спречена во Аеродром кога биле пронајдени две заборавени и дехидрирани дечиња, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, заклучени во возило на булеварот Видео Смилевски-Бато.

Таткото ги заклучил децата во автомобилот додека спиеле, па отишол на забава во Ново Лисиче. Децата по кратко време се разбудиле во возилото во кое биле оставени сосема сами и заклучени и плачеле додека не дехидрирале. За среќа, ги забележале други дечиња од населбата кои ги повикале своите родители на помош.

Очевидци велат дека веднаш била повикана Брза помош која ги однела децата во болница. Полицијата го привела таткото од забавата на која бил, додека мајката кога дошла во полиција силно викала.

Парот бил разведен, а децата биле кај таткото на еден ден.

press24.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Матична докторка избркала бремена жена со болно дете – немале пари и докумети кои им изгореле во пожар во кој загубиле две деца!

„Дали Хипократовата заклетва важи кога се во прашање Ромите од Шуто Оризари?!“ Здравјето е основно човеково право загарантирано…