Dosie.mk дознава дека денеска во Основното јавно обвинителство на распит била повикана службеничка од Министерството за труд и социјала за која се води предистражна постапка за мито и корупција при процес на посвојување деца. Ова е прв пат Основното јавно обвинителство да води ваква постапка и истражува дали службеничката Ленче К. која претходно во медиумите беше директно посочена како лице кое барало пари за да го дозволи финалниот постпис на посвоителката Кристина Кузмановска.
Случајот е од 2013та година, а Основното јавно обвинителство сега отвори постапка по допрен глас, откако сторијата беше објавена во медиумите и Детската амбасада Меѓаши го повика ОЈО да ги испита ваквите наоди бидејќи за тоа постојат повеќе сомнежи и индиции.
Околу распитот повеќе детали не се соопштуваат во интерес на предистражната постапка која во оваа фаза е тајна.
Министерката за труд и социјална политика прашана дали ќе ги истражува ваквите состојби во своето министерство, потврди дека ќе соработува со органите и ќе им ја обезбеди целокупната документација, но нема да истражува бидејќи не е истражен орган.
Поврзани објави
Кацарска в понеделник нема да му пресуди на Заев
Случајот Поткуп по повеќе години работа промена на судии и обвинители стигна до пресуда. Денеска обвинението против Зоран…
За Вангеловски ќе одлучуваат тројца негови колеги
Поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски кој беше суспендиран и разрешен од Судскиот совет, пред истекот на…
50 илјади евра отштета за затвореник, изгубил бубрег и слезина ,го претепал затворски чувар
Затворениот кој пред четири години во затворот Идризово беше крвнички претепан од надзорник односно затворски чувар , деновиве…
Пред да се преврти автобусот возачот не кочел
Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која на 13 февруари…