Јанакиески останува во домашен притвор

Апелацискиот суд ја одби жалбата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со која бараше да биде ослободен од домашен притвор. Притворот му е продолжен поради опасноста од бегство.
Јанакиески беше приведен на 29 јуни по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал, заедно со уште неколку лица, поради сомнение за незаконска продажба на државно земјиште во центарот на Скопје, случај познат како „Шпански скали”.

Јанакиески, покрај за продажбата на државното земјиште, е осомничен или обвинет и во неколку предмети на СЈО, како и за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Јанкулоска: На 27-ми април со Миле јадевме и разговаравме за теми од наш интерес – во партијата ништо не се случуваше невообичаено

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска сведочеше за упадот во Собранието на 27-ми април. Јанкуловска потенцираше дека…