Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена денеска е осуден на една и пол година казна затвор и забрана за вршење дејност во траење од осум години.
Дамчевски пред судот ја признал вината.
Дамчевски според обвинението иако знаел дека оштетената не е бремена, вршел редовни контролни гинеколошки прегледи со ехо апарат, презентирал лажни ехо снимки на кои се гледа плод, презентирал лажна срцева акција на плодот, мерел должина и тежина на плодот, го утврдил полот на плодот, вербално на секој преглед детално ја објаснувал секоја наводна снимка од плодот, правел и скрининзи со писмени извештаи во кои е наведено дека на ехото се гледа плод во различна гестациска недела, а потоа договорил и термин за пораѓање. Непосредно пред денот за кога било договорено наводното пораѓање на пациентката најпрвин на сопругот на оштетената, а потоа и на оштетената ја открил вистината за лажната бременост.
Поврзани објави
Јанкуловска: Нема потреба од спектакли, не ми паѓа на памет да бегам
Поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која треба да оди на издржување на казна затвор за случајот…
Протуѓер: Груевски ми спомна дека зел земјиште на Водно од десетина илјади квадрати, а разговаравме за Сопиште
Мартин Протуѓер, еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Никола Груевски, денеска сведочеше на рочиштето за “Плацевите на…
Русковска тврди дека Груевски бил испитан за плацевите на Водно
Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска тврди дека Никола Груевски, кој е во бегство, е испитан за случајот…
Диво Насеље: Оружјето не е доказ за тероризам, обвинетите готвеле и вареле кафе
Во полупразна сала во Врховен денеска продолжи судењето за Диво насење, откако вчера настана хаос во судницата во…