Брнз му честита на Заев за мандатот за состав на влада

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го честиташе мандатот за состав на нова влада, кој претходно му го додели претседателот на државата, Стево Пендаровски.

– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.

– Како нова членка на НАТО, ние ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина, додава Брнз во твитот. Р.Д.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

ЦУК: Зголемен број повици на 112 во последното деноноќие – вкупно 2.145 повици, пет пожари на отворено, а во првите петнаесетина минути од првиот ден годинава пожарникарите имале гаснење пожар со спасување неподвижно лице

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.145 повици на Единствениот број за итни случаи 112…