Актерката и активист Ирена Ристиќ синоќа била приведена од полицијата оти пред Влада чистела пикавци. Таа, дека се наоѓа во полициска станица, објави на социјалните мрежи, но исто така искажа огромен револт од односот на полциијата и причината за која била приведена.
“Дури не ми го земале телефонот…Пробаа да ме стаат у Бардовци!.
Ме вратија у Беко! Wow…Другари, за пикавците ли…*имам модрици по раце и пцовки у уши… Алтан ми е сам! Умирам од грижа! Многу имам да раскажам!, напиша актерката која во послено време е актуелна по иницјативите и акциите за чистење на градот. Синоќа собирала пикавци, поради што со наводна квалификација дека е во алкохолизирана состојба биле приведена. Таа повикала и адвокат и по неколку часовно убедување со полицијата била пуштена. По напуштање на полициската станица револтирана напиша:
“Wow!
Македонија на гола кожа!
Полициска Беко!
Психијатриска болница Бардовци!
И јас!
Победив!
Мршмршмршмрш!
Знаете кога ќе попуштам под притисок?
* и псовките и понашањето и ноктиштата љиљакови и дијалектите и немањето појма кој е кој и закони и процедури и комбиња и три лепе?!
Никад! Никад!! Фино сте ме процениле!
Дамбофци!!!
Фала, Janaki… *едвај ги убедив дека имам право на адвокат!
Се наљутија шо им ги заметов пикавците кај Влада! Ебате!
Да не бевте емотивно врзани, та ве изреметив?!”
Актерката не се откажува од нејзините активности , а на социјалните мрежи доби голема поддшка за нејзините акции но и осуда на постапката на полицијата.
Поврзани објави
Шест нови случаи на заболени- се забранува работа на клубови казина…
Нови шест лица од Македонија се заразени со новиот коронавирус. Од 12 тестирани лица, позитивни на новиот коронавирус…
Дев деца на 2 и 5 години тешко повредени во железничка несреќа кај Боримечка во Битола (фото)
Две деца на возраст од 2 и 5 години утрово се тешко повредени при судир на локомотива со…
Арсовска тврди дека нема контакти со Груевски, ниту ги нарачала билбордите со Мицкоски
Градоначалничката Данела Арсовска денеска изјави дека нема контакти со поранешниот премиер Никола Груевски. -Немам контакт со никого и ниту со…
Скопјанка родила мртво бебе во својот дом
На 05.07.2020 во 14:16 часот во Полициската станица Драчево, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека жена од…