Вработените во најголемиот затвор Идризово јавно објавија дека безбедносната состојба во затворот е алармантна, оти нема доволно вработени затворски полицајци. Тие барале средба со министерката Рената Десковска и директорот на затворот Боби Мојсоски, но до средба не дошло. Целта на средбата била да ги известат за нанесени неправди и кражби поврзани со затворската полиција. Со августовската плата тие не ги добиле по закон пропишаните 5 проценти на име работа во турнус и тоа на ниво на сите затворски установи во државата. Бараат одговор каде се нивните плати.
“Многу понижувачки спрема вработените во установата во оваа постапка од диркеторот. Сакаме да го известиме за алармантно нарушената безбедносна состојба во затворот. Поради малиот број на затворски полицајци едвај се одржува редот во усановата , полицајците во текот на 12 часовна смена не можат да направат ниту 10 минутна пауза за оброк и јадат кој каде ќе стигне од нога бидејќи поради поради мал број на истите буквално се гонети од едно на друго место во текот на целата сменa”, алармираат полицајците.
Тие бараат и нови вработувања и зголемување на бројот на затворски полицајци токму поради подобрување пред се на безбедноста на установата.
До сега познато е дека вработените преку тужби ги остваруваат своите права на бонусите од плата кои не им се даваат. Обвинуваат и за реваншизам од Управата за извршување санкции токму поради овие тужби.
Поврзани објави
Видео : Пожар во затворот Идризово
Ова е првична информација. Според информации на Dosie.mk биле запалени односно гореле неколку душеци. Интервениран е и пожарот…
НАША СТОРИЈА: Затвореник фатен во бегство користи поволности кои му се забранети
Затвореник осуден за финасиски малверзации по една година во бегство , полицијата го апси го враќа назад во…
НАША СТОРИЈА: Со пластичен пиштол се заканиле на затворска полиција , но не виделе дека “Тигрите” го придружуваат
Необично апсење се случи на семафорот во близина на Кривичен суд кога до затворско комбе на затворот Шутка…
“Идризово” гори , затворениците пеат : “Се запали пиле Трено приемното”
Во пожарот кој избувна претпладнево во затворот Идризово нема повредни ниту затвореници ниту вработени. Пожарот избувнал од кровот…