Срцето на почината 42 годишна жена , почна да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот

Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот ❤️ Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган.

По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа. На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за нефрологија, Институтот за трансфузиона медицина и Институтот за радиологија. информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Total
0
Shares
Related Posts