Момчето на фотографијата е скопјанецот Тони кои ги запали социјалните мрежи , бидејќи неколку пати е фатен како краде велосипеди. Објавени се фотографии и видеа , пријавуван е во полиција и по неколку часа полицијата го ослободува. Според нашите созонанија полицијата го толерираат неговото крадење оти тој всушност и работи за нив. Според нашите соговорници секој ден се среќава со инспектор околу 18 часот по обложувалница каде се добиваат информации кои и се потребни на полицијата.
Последниот инцидент се случил пред неколку дена во центарот на Скопје кога пред голема група луѓе се обидел да украде велосипед. Луѓето го избркале, не успеал, но на друго место кражабата му била успешна. Оние кои го познаваат велат дека се вика Тони и е од населбата Ченто. Од скоро е излезен од затврот Идризово каде бил поради кражби кои сега ете продолжува да ги прави. Сведоците велат дека тој е поранешен наркозависник, па крадел дури и по дворови , бил апсен од полицијата, но службите освен осуда и повторно пуштање на улица не превземале никаква акција за ваквите појави или помош за овие луѓе.
Неколку пати бил претепуван крвнички па завршил и во болница но сепак продолжува да краде. Според информациите кои ги давал кога ќе го фателе крадените велосипеди ги продавал во ченто на пазар.
“Леле овој истиот со ова летвиче пред 1 недела украде точак пред Џамбо.Толку стручно го украде што сите што стоевме на автобуската постојка свативме дека е лопов кога пукна ланецот и со брзина на светлина избега.Немаше време никој да реагира”, сведочат оние кои го виделе како краде. Но полицијата освен ако не го фати на дело не превзема никакви други акции за пронаоѓање на велосиедите кои ги кради.
Поврзани објави
Скапана барака во Ѓорче-амбуланта за 3000 пациенти повеќето деца
Исчкртани ѕидови, нема прозорци, со оштетен плафон и под. Во ваква состојба е амбулантата во Ѓорче Петров. Над…
ЕКСКЛУЗИВНО: Ноќеска искршено возилото на вујкото на Мартин Нешкоски
Горан Митаноски , вујко на Мартин Нешкоски момчето заради чија смрт се крена Шарената револуција за рушење на…
Ристиќ: “Ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест”
„Ирена, а и јас, секако дека немаме намера да прејдеме преку незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени…
Еден ден со Хуманитарното Здружение “ПОДАЈ РАКА ЗА СПАС – ЕИР”
Досие помина еден ден со Хуманитарното Здружение “ПОДАЈ РАКА ЗА СПАС – ЕИР” кои откако почна кризата во…